Ако стомакот ви е како лубеница, значи носите девојче

Многу идни родители со нетрпение чекаат да дознаат дали ќе имаат ќерќичка или синче. Радоста е голема, без оглед кој е полот на детето. Денеска со еден ултразвук може да се утврди полот на бебето, но праксата покажала дека не секогаш е точна оваа информација. Затоа постојат многу „бабини“ методи и предзнаци, знаења и предзнаења […]

Најново истражување: Млечните заби на децата треба да се чуваат

Кога на детето ќе му падне млечно запче, многу родители прават одредени ритуали. Паднатото запче го чуваат под перница, а самовилата го зема во текот на ноќта и му остава на детето паричка…Некои родители, запчето го фрлаат на кров од куќа, за да биде цврсто како керамика…Традиција која е забавна за целото семејство. 

Видео: Не го врзувајте детето во седиште за кола со зимска јакна

Во текот на зимскиот период, кога се возите во автомобил, нормално е децата да седат со јакна, како што седеле до сега, но откако ќе го гледате видеото, веруваме дека ќе почнете да ги применувате советите кои ги даваат стручните лица, учесници во ова видео.  

Решение за децата кои се разболуваат често

Кога започнува зимата еден од најголемите нервози кај родителите е честото разболување на децата. Вируси, настинки, инфекции, бактерии во нос и грло, постојано растечен нос, кашлање, болка во уво, црвено грло, високи температури …Некои деца се поотпорни на болести, но најголем број на дечиња, на жалост се под антибиотска терапија, која и тоа како го […]

Колку возраста влијае врз забременувањето?

Колку сте постари, толку повеќе се намалува можноста за забременување. Ова се должи пред сѐ на тендецијата да јајце клетките стареат и губат на квалитет, а ова значи помал број од нив се во можност да се сретнат со некој сперматозоид и да се оплоди некоја јајце клетка.

5 грешки кои ги прават родителите: Како бебето да ја преспие цела ноќ?

И на родителите не им е лесно, особено ако очекуваат бебето да спие цела ноќ. Најчесто новопечените родители прават грешки кога станува збор за редоследот на спиење на бебето. Има бебиња кои ја преспиваат цела ноќ, но тие се ретки.

Знаци за паника ако бебето не мрда во стомак

Постојат неколку знаци кои ќе ви укажат дека треба да се појдете кај Вашиот гинеколог: – Легнете на страна, во текот на два часа треба да почувствувате 10 или повеќе одвоени движења на бебето

Дали да го бањате бебето секој ден

Сигурно мајките барем еднаш си го поставиле ова прашање, дали навистина е потребно да се бања бебето секој ден. За ова прашање, постојат различни мислења и ставови од страна на педијатрите. Порано се верувало дека со секојдневното бањање бебето расте, но денес експертите предупредуваат, појавата на егзема со генерации наназад е резултат на секојдневното третирање […]

Кога бебето да почне да пие вода

Во првите шест месеци од животот на бебето не се дава вода, ова се препораки од Светската Здравствена Организација кои родителите во поново време ги применуваат, т.е. своите доенчиња ги хранат исклучиво со мајчино млеко или адаптирано млеко.  Според последните истражувања од Светската Здравствена Организација (СЗО), докажано е дека мајчиното млеко е најздравиот и најдобриот […]

Припремете ги вашите деца за почетокот на новата учебна година

Еуфоријата започна. Во тек се последните подготовки за на училиште. Родителите на малите и големите ученици се растрчани по продавници, некои по школски прибор, други по нова облека и чевли. Покрај сите обврски, родителите треба да се погрижат децата полесно да се привикнат на работната рутина во училишните денови. Еве што треба да направите:

Која крвна група ќе биде Вашето дете?

Според присуството на одредени протеини на површината на црвените крвни зрнца (еритроцити), крвта е поделена во 4 крвни групи, А, Б, АБ и О крвна група. Крвните групи А и Б се доминантни во однос на О крвна група. Луѓето со крвна група О (нулта) не смеат да примаат крв од крвна група А, Б […]

Како сами да ги намалите отоците во бременоста

Топлото време, солената храна и газираните пијалоци се едни од главните причинители за појава на отоци во бременоста. Постојат неколку работи кои можете сами да ги применувате за да ги намалите отоците кои сигурно ве мачат во овие жешки денови. Задржувањето на течности во телото за време на бременост е нормална појава, која подразбира тешко […]

Што треба да содржи летната аптека за безгрижен одмор

Лето е. Сигурно многумина од Вас веќе се подготвуваат за летниот одмор. Правите списоци, кроите планови, избирате дестинација, но постојано само едно Ви се врти во глава: „Што ако заборавам нешто“. Многу прашања отвораат дилеми што да понесете, но Вие сепак на крајот ја носите половина куќа со себе. За безгрижно семејно летување, најважно од […]

Омега-3 масните киселини важни за трудници со кардиоваскуларни проблеми

Според едно истражување спроведено од страна на австриски научнци, се покажало дека оние трудници кои земале дополнително омега-3 масни киселини, имаат помала шанса од предвремено породување, но и поволно влијае врз менталниот и физичкиот развој на децата, како и врз развојот на способноста за говорење.

Распоред на вашата тежина во бременоста

Во првото тромесечие кое трае од 0-12 недела, нормално е да се добијат 1-2 килограми. Во второто тромесечие кое трае од 12-28 недела, нормално е да се добијат 300-400 грама неделно. Во третото тромесечие кое трае од 29-40 недела нормално е да се добијат 1-2,5 килограми месечно.

Како најлесно да пресметате кој месец и недела сте од бременоста

Порано жените бременоста ја пресметувале во месеци. Па, и денес многу често жените самите си пресметуваат, каде знаат да кажат: „ Бремена сум четири месеци, но сега ќе влезам во петти месец“ или пак, „ Сега сум во деветти месец“. Докторите бременоста ја водат по недели. Целата бременост е распоредена во 40 недели или вкупно […]

Храна богата со фолна киселина

Фолната киселина треба да се внесува во доволни количини доколку сакате да забремените или сте на почеток од вашата бременост. Во прилог следува храна која е богата со фолна киселина и која треба да ја вклучите во вашето секојдневно мени.          

10 работи кои ве нервираат што Ви се случуваат во бременоста

1. Се ​​чувствувате најлошо од било кога до сега и никој тоа не може да го разбере како што треба. Првиот триместар носи утрински мачнини, повраќање, вртоглавици, запек, бескрајно развиено сетило за мирис и кој знае уште што се ви пречи и недостасува. 2. Ќе, речеме дека ви се јаде се живо и диво, но во […]

3 најважни работи кои треба да ги знае детето за парите

Никогаш не е премногу рано да започнете да ги учите Вашите деца за значењето и користењето на парите. Всушност , Вие сте тие кои треба да ги научите да ги ценат парите и да ги користат паметно. Сигурно од многу мали разбираат дека за да добиеш некој продукт од продавница треба да дадеш пари, но […]

Дали може да се спречи гестацискиот дијабетес уште пред да се појави?

Гестациски дијабетес во бременост може да се појави помеѓу 24 и 28 недела од бременоста. Се појавува поради хормонот инсулин. Овој хормон се создава во панкреасот и е одговорен за нормално искористување на шеќерот од крвта (глукоза) и за негово трошење како извор на енергија во организмот. Додека се формира плацентата, во телото на жената […]

Гестациски дијабетес

Во текот на бременоста кај одреден процент од жените се развива една форма на дијабетес  која постои само додека жената е бремена, иако никогаш порано трудницата немала проблеми со шеќерот во крвта. Постојат неколку фактори кои укажуваат на веројатноста дека трудницата ќе  добие гестациски дијабетес:

Задолжителни прегледи во бременоста

Најчесто жените одат на лекар кога ќе направат домашен тест за бременост и кога ќе почнат да ги чувствуваат првите симптоми на бременоста. Во текот на бременоста потребно е да направите 10 прегледи: 3 во првото тромесечие 3 прегледи, во второто тромесечие 3 прегледи и во третото тромесечие 4 прегледи.

Бременост: 29 недела

Бебето е тешко 1250 грама, а долго 26 см. (мерено од темето до задникот). Бебето е доста активно. Ноктите на рацете и нозете растат, има сè повеќе коса на главата и влакненца по телото (во вид на мов). Очите му се отворени и може да трепка. Телото на бебето сега произведува крвни зрнца од сопствената […]

Бременост: 28 недела

Бебето е тешко околу 1.100 грама, а долго околу 25 см. Сега има големи шанси да преживее во случај на предвремено породување, бидејќи може да вдуше воздух, а централниот нервен систем е доволно развиен за да може да го контролира дишењето и да ја регулира телесната температура. Вие ќе имате потреба за внесување на поголема […]

Бременост: 27 недела

Фетусот е тежок 1.000 грама, а долг околу 24 cm (мерено од тилот до задникот). Конечно започнува третото тримесечје! Бебето сега има добри шанси да преживее ако се роди предвреме. Очите на бебето се отворени. Кожата се уште по малку е збрчкана, но секој ден се повеќе и повеќе се исполнува. Сега можете да го […]

Како да се справите со настинката т.е. грипот

Во тек е сезоната на ширење на респираторни инфекции, т.е. на настинките и грипот. Најголема причина за овие болести се вирусите. Повеќе од 200 различни видови на вируси може да предизвикаат настинка, особено во зимскиот период, кога имунитетот на човекот е намален.

На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?

Постојат истражувања и различни студии на оваа тема. Според социологот Џон Мировски од универзитетот Тексас, според биолошкиот часовник, најдобри години за раѓање дете, се доцните тинејџерски години или раните дваесетти години. На оваа возраст, јајце клетката е најсвежа и репродуктивниот систем го достигнува својот врв.

Како природниот сок го лечи и прочистува организмот

Нездравиот начин на исхрана, недоволната физичка активност, стресот и уморот, се најголемите причинители за појава на слабост и болест на организмот. Генерално земено, луѓето најмногу јадат индустриска храна и храна од животинско потекло. Брзото темпо на живеење, работењето до доцна навечер, како и недоволниот сон се уште една дополнителна причина која најчесто не принудува да […]

Развојот на фетусот зависи ѝ од исхраната на таткото

Канадски научници дошле до заклучок дека развојот на фетусот зависи од исхраната како на бремената жена, така и од исхраната на таткото. Бремената жена треба да има доволно количество на витамин В9. Овој витамин го има во зелен зеленчук, овошје, месо и житни растенија. Тој е неопходен витамин кој женаta ја штити од абортус и […]

Какви промени трпи женското тело после бременост

Првите недели после бременост, телото на жената се менува. Постојат неколку клучни промени кои ги доживува скоро секоја жена: 1.    Губење на косата или нејзина промена Неколку недели по породувањето, може да почнете да губите поголеми количини на коса. Просечен човек губи 100 влакна на ден, но во текот на бременоста жената губи многу помалку, […]

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекции

Аронијата е зрнесто овошје, по изглед многу слично на боровинките. Потекнува од источниот дел на Северна Америка. Поради големата лековита моќ, станува доста популарна, така што многу брзо започнува да се одгледува ширум цела Европа. Сè уште не е доволно позната помеѓу балканскиот народ. Многумина од Вас можеби ја имаат и во својот куќен двор, […]

Знаци за паника во бременоста

Голем е бројот на трудници кои се вознемируваат при секоја најмала болка. Сепак, има и жени кои ги игнорираат знаците за предупредување, мислејќи дека се нормални симптоми во бременоста. За да не ве фаќа паника, најдобро е да ги научите можните симптоми кои се појавуваат во бременоста и бараат итна посета на лекар.

Дали е безбедно да се патува со авион во третото тромесечје?

Иако ова би можело  да биде совршено безбедно  патување за вас во текот на вашиот трет триместар (до 36 недела), потребно е да разговарате за вашето патување со вашиот гинеколог пред да ја резервирате картата за вашиот лет. Во некои високо- ризични случаи, лекарот може да ви советува да останете блиску до дома во текот […]

Бремени жени патувајте удобно со автомобил

За време на бременост, не се препорачува седење подолго време на едно место, бидејќи може да дојде до отекување на стапалата и до појава на грчеви во нозете. При патување на подолги релации со автомобил, важно е да се подготвите и да правите чести паузи.

Бременост: 26 недела

Фетусот е тежок околу 850 грама и долг е 23 см (мерено од темето до задникот). Бебето сега има повеќе коса на главата. Бебето полека станува пополничко, но кожата се уште му е набрчкана, бидејќи  нема доволно сало. Кожата е многу тенка, па затоа можат  да се видат крвните садови под кожата. Помеѓу 26-та и […]

Бременост: 25 недела

Фетусот е тежок околу 700 грама и 22 см е долг. Просторот во матката веќе почнува да станува тесен и бебето нема да може многу да се врти.  Веќе бебето има трепки,  наскоро ќе може да ги отвори очите. Ноктите на рацете и на нозете веќе се имаат појавено.

Бременост: 24 недела

Фетусот е тежок околу 530 грама и околу 21 cm долг (мерен од темето до задникот). Бебето продолжува да расте и е помалку тенко и збрчкано. Внатрешното уво сега е целосно развиено и бебето има чувство за ориентација кога се врти во стомакот.

Бременост: 23 недела

Фетусот е долг околу 20 см и тежок околу 450 грама. Кожата на бебето сè уште е прозирна и со розевкаста боја. Нема доволно сало, па затоа целото тело му е збрчкано. Меките влакненца сè уште го покриваат целото тело. Бидејќи нервните влакна почнуваат да се поврзуваат,  движења на бебето стануваат се повеќе координирани, и […]

Бременост: 22 недела

Во оваа недела од бременоста, фетусот има 5 месеци. Фетусот е долг 19 cm (мерено од врвот на главата до задникот) и тежи околу 350 грама. Бебето сега веќе има веѓи и можно е да има коса на главата. И понатаму продолжува да добива во тежина. Ако бебето е момче, тестисите се формираат и почнуваат […]

Бременост: 21 недела

Фетусот е долг околу 18 см и тежок околу 300 грама. Во овој период, бебето не расте многу брзо, но неговото тело станува сè повеќе пропорционално. Тоа изгледа прилично слабичко, но во наредните недели, се очекува вашето момченце или девојченце значително да почне да добива на тежина. Во стомакот сè уште има доволно простор за […]

Кога циркулацијата на крвта во телото прераснува во проблем

Што е циркулација на крвта? Циркулацијата на крвта во организмот е клучот за живот. Преку циркулацијата на крвта се врши пренос на кислород и хранливи материи до сите ткива, хранејќи ги сите телесни клетки, овозможувајќи им ослободување од отпадоци. Човековиот циркуларен систем се состои од стотици километри долги крвни садови во кои се вмрежени сите […]

Ретка болест со генетско потекло – РЕТТ СИНДРОМ

Што е РЕТТ Синдром? Мутација на МеЦП2 протеинот што претставува и молекуларно генетичка потврда на дијагнозата РЕТТ СИНДРОМ. Поаѓајќи од фактот дека РЕТТ СИНДРОМОТ спаѓа во групата на ретки болести и знаејќи дека раното дијагностицирање на оваа болест, која е од генетско потекло е услов за ефикасно продолжување на животниот век на заболените од оваа […]

Емулгатори кои се додаваат во храната што ја купуваме

Емулгатори кои не штетат по здравјето на луѓето Емулгатори од групата Е: од 100 до 111. Е:121, 122, 126,130, 132, 140, 151, 152, 160, 161, 162, 163, 170, 174, 175, 181, 201, 202, 203, 236, 237, 238, 260, 261, 262, 263, 270, 280, 281, 282, 290, 300, 301, 303, 304, 305, 306, 307, 308, 309, […]

Повеќе сонце, за поголема плодност

Сигурно многумина од вас за прв пат слушаат дека сонцето може да биде предизвик за плодност. Според истражувањето на група научници од Австрија, плодноста може да се зголеми како резултат на витаминот Д кој се произведува во кожата кога телото е изложено на сонце.

Прв породилен период: ПРВА ФАЗА – Рано породување

Оваа фаза е најдолгата, но за среќа, најмалку интензивната фаза на породувањето. Грлото на матката полека почнува да се израмнува и отворањето до 3 см може да трае од неколку дни до неколку недели, без некои забележливи контракции и пречки. Кај некои жени сето ова може да трае 2 -6 часа пред активното породување.

Породилни периоди

Секоја бремена жена породувањето го доживува на различен начин. Многу малку жени се породуваат како што пишува во книга – со слаби контракции на почетокот, кои се засилуваат постепено и правилно сè до напоните. Како што за трудницата е корисно да знае што може да очекува додека чека бебе, така корисно е да знае и […]

Кога и како да се воведе мед во исхраната на детето

Медот е природна храна со пријатен мирис и вкус. Содржи прости шеќери, витамини, минерали, ензими и делува позитивно на апетитот и перисталтиката. Децата треба да јадат мед наместо шеќер. Поради можна појава на алергија, треба да се внимава кога се воведува медот во исхраната на детето, особено во семејства каде има изразена преосетливост на храна […]

Не држете го детето под стаклено ѕвоно

Кога за прв пат ќе станете мајка, постојано ќе мислите дека вашето бебе е изложено на опасност. На самиот почеток, мајките стравуваат за животот на своето малечко, па дури многу често по цели ноќи не спијат, плашејќи се да не му се случи нешто на нивното бебенце.  Како ќе расте  бебето,  тоа ќе има моменти […]

Истражување: Спомените до 3 годишна возраст никој не ги памети

Научниците веќе долго време се прашуваат зошто луѓето не се сеќаваат на ништо што се случило пред  да наполнат 3 години. Сигурно како родител сте пробале да го потсетите своето дете за некој значаен настан во неговиот живот, на пример, дали се сеќава на својот втор роденден или дали го памети денот кога тргнало во […]

Придобивки и можни ризици од вагинално породување наспроти повторно породување со царски рез

Породување по природен пат претставува раѓање без потребни медицински интервенции, како на пример, царски рез, епидурална или спинална анестезија, користење лекови за поттикнување на трудови (провокации) и сл. Овие интервенции имаат свое место и причина кога се користат, т.е. се применуваат кога ќе се појават проблеми т.е одредени компликации.

Кафе игротека Слонче
Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.